СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕМЕ СО РУСИЈА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ, КАЖА КИМ ЏОНГ УН НА СРЕДБАТА СО ПУТИН

    СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕМЕ СО РУСИЈА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ, КАЖА КИМ ЏОНГ УН НА СРЕДБАТА СО ПУТИНПутин не коментираше дали продажбата на оружје ќе биде една од темите на разговорите (Фото; Кремљ)

    Владимир Путин изјави дека со Ким Џонг Ун ќе разговараат за вселенската програма на Северна Кореја, додека тој порача дека целосно ја поддржува светата борба на Русија против хегемонијата на западот. Двајцата денеска се сретнаа на космодромот Восточни на крајниот исток на Русија и одржаа едночасовен состанок зад затворени врати, при што Украина и западот стравуваат дека тие ќе разговараат и за можноста Северна Кореја да ѝ продаде муниција на Москва.

    „Ќе разговараме за прашања поврзани со економската соработка и од хуманитарна природа. Имаме многу прашања и мило ми е што ја прифативте нашата покана да дојдете во Русија“, кажа Путин.

    Ким истакна дека билатералните односи со Русија отсега ќе бидат приоритет број еден за Северна Кореја.

    „Секогаш ќе бидеме со Русија. Секогаш ќе ги поддржуваме одлуките на претседателот Путин и руското раководство и ќе бидеме заедно во борбата против империјализмот и хегемонистичките сили“, изјави Ким.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека Путин и Ким нема да потпишат никакви документи, но би можеле да разговараат за разни чувствителни области, вклучувајќи ја воената интеракција.

    Путин не коментираше дали продажбата на оружје ќе биде една од темите на разговорите, но потврди дека Русија би можела да ѝ помогне на Северна Кореја во развојот на сателити.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира