СЕНАТОТ ГО ОСЛОБОДИ ТРАМП ВО СУДЕЊЕТО ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ

    СЕНАТОТ ГО ОСЛОБОДИ ТРАМП ВО СУДЕЊЕТО ЗА ОТПОВИКУВАЊЕТрамп беше ослободен по двете точки од обвинението (Фото: АП)

    Доналд Трамп е третиот американски претседател кој го преживеал судењето за отповикување во Сенатот и ќе го доврши својот мандат во Белата куќа.

    На вечерашното судење, тој беше ослободен по двете точки од обвинението, злоупотреба на моќта и попречување на работата на Конгресот, со што републиканците не успеаја да го тргнат од функцијата на неполна година до изборите.

    По првата точка, 52 сенатори се изјаснија дека не е виновен, наспроти 48-те кои гласаа „за“, додека по втората точка, разликата беше 53:47. Од републиканските сенатори, единствено Мит Ромни гласаше за отповикување на Трамп.

    Демократите ја покренаа истрагата за импичмент откако се дозна за телефонски повик на Трамп кон украинскиот претседател Зеленски, во кој бара од него да отвори истрага за корупција против претседателскиот кандидат на Демократите Џо Бајден и неговиот син Хантер, заканувајќи се дека во спротивно, ќе ја откаже веќе договорената воена помош од 400 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира