СЕВЕРНА КОРЕЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА Ѝ ПРОДАВА ОРУЖЈЕ НА РУСИЈА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА Ѝ ПРОДАВА ОРУЖЈЕ НА РУСИЈААмерикански функционери неодамна кажаа дека Русија планира да купи милиони ракети и гранати од Северна Кореја (Фото: Гети)

    Северна Кореја објави дека никогаш не ѝ продала оружје на Русија и не планира ни во иднина, демантирајќи ги американските извештаи. Американски функционери неодамна кажаа дека Русија планира да купи милиони ракети и гранати од Северна Кореја, со цел да ги пополни своите воени залихи за војната во Украина.

    Секоја размена на оружје помеѓу двете земји би се сметала за кршење на резолуции на Обединетите нации.

    Никогаш досега не сме извезле оружје или муниција во Русија, ниту планираме да го правиме тоа. САД и други непријателски сили шират гласини заради своите политички и воени цели“, кажаа од министерството за одбрана на Северна Кореја.

    Инвазијата на Украина скапо ја чини руската војска, и покрај користењето на напредни оружја, како крстосувачки ракети. Со помош на западното оружје, украинската војска успева да им нанесе големи загуби на руските сили.

    Голем дел од севернокорејскиот воен арсенал е од советската ера, но располага и со проектили слични на руските. Во јули, Северна Кореја стана една од ретките држави кои ја признаа независноста на народните републики Доњецк и Луганск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира