СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО ДОБИ СВОЈОТ ЕНТОНИ ФАУЧИ ОТКАКО ГО ПОТВРДИ ПРВОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО ДОБИ СВОЈОТ ЕНТОНИ ФАУЧИ ОТКАКО ГО ПОТВРДИ ПРВОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТРју Јонг Чои стана заштитно лице на борбата на Северна Кореја против епидемијата (Фото: КРТ)

    Секој ден во 9:30 часот оваа недела, официјално лице со смирен глас се појавува на севернокорејската телевизија за да даде извештај за бројот на луѓе со треска и за новите смртни случаи и истовремено ги објаснува мерките за запирање на првото потврдено ширење на коронавирусот во земјата. Малку познатиот Рју Јонг Чои стана заштитно лице на борбата на Северна Кореја против епидемијата, како што е Ентони Фаучи во САД.

    Повеќе од две години, Северна Кореја немаше пријавено ниеден случај на ковид-19. Но, откако минатата недела го потврди првиот случај, го презеде примерот на бројни држави и сега редовно ја информира јавноста за ширењето на вирусот.

    Рју работи во државната агенција за спречување на епидемијата, за која се верува дека е нова институција, секој ден држи брифинзи, но нема новинарски прашања. Малку се знае за него, вклучувајќи медицински квалификации.

    Мора да ги засилиме напорите за да се контролира и изолира секое заразено лице без исклучок и на тој начин да се елиминира секаков простор за ширење на вирусот“, кажа Рју на вчерашниот брифинг.

    Во Северна Кореја досега се регистрирани 2.241.610 луѓе со треска и 65 смртни случаи. Земјата има ограничени капацитети за тестирање, па затоа е нејасно колку од нив имаат коронавирус.

    Меѓународната заедница ѝ понуди на земјата милиони ковид вакцини минатата година, но властите тврдеа дека го контролираат вирусот со затворањето на границите во почетокот на 2020.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира