СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПРАТИ ПОВЕЌЕ МУНИЦИЈА ВО РУСИЈА ОТКОЛКУ ЕУ ВО УКРАИНА, СЕ ПОЖАЛИ ЛИТВАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПРАТИ ПОВЕЌЕ МУНИЦИЈА ВО РУСИЈА ОТКОЛКУ ЕУ ВО УКРАИНА, СЕ ПОЖАЛИ ЛИТВАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИЛидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун во септември го посети рускиот претседател Владимир Путин. (Фото: Кремљ)

    Литванскиот министер за надворешни работи Габрелиус Ландсбергис ги повика членките на ЕУ да престанат да бидат „смрзнати“ и да ја забрзаат испораката на ветената муниција за Украина. Истовремено, тој ги спореди испораките на муниција што ги добива Русија од Северна Кореја со испораките од ЕУ за Украина.

    Неговиот коментар доаѓа по извештаите дека Европската унија заостанува со плановите за испорака на еден милион артилериски гранати за Украина, која што се брои против руската инвазија.

    „ЕУ ѝ вети на Украина 1.000.000 артилериски гранати. Досега, ние испорачавме само 300.000. Во меѓувреме, Северна Кореја ѝ испорача 350.000 на Русија“, напиша Ландсбергис на социјалните мрежи.

    „Сигурен сум дека имаме ресурси да бидеме подобри од Северна Кореја. Треба да престанеме да седиме замрзнати додека храбрите Украинци гинат“, додаде тој.

    Според „Блумберг“, ЕУ досега достигнала околу 30 отсто од ветената артилериска муниција за Украина до март 2024 година и, според волуменот на потпишаните договори досега, ризикува да не го исполни целосно ветеното.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира