СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПУКА ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН ПРОЕКТИЛ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПРВИОТ НУКЛЕАРЕН ТЕСТ ПО ПЕТ ГОДИНИ ПАУЗА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПУКА ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН ПРОЕКТИЛ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПРВИОТ НУКЛЕАРЕН ТЕСТ ПО ПЕТ ГОДИНИ ПАУЗАПроектилот летал околу 760 километри пред да исчезне над Јапонското Море (Фото: АП)

    Северна Кореја испукала интерконтинентална балистичка ракета, но паднала среде летот, соопшти јужнокорејската војска. Тоа беше седмо вакво лансирање оваа година и уследи додека се зголемуваат грижите дека Пјонгјанг наскоро ќе изведе и тестирање на нуклеарно оружје.

    Северна Кореја вчера испука најмногу проектили во еден ден, 32, од кои еден падна во водите покрај брегот на Јужна Кореја, која возврати на сличен начин. Бројните лансирања од Северна Кореја се случуваат додека САД и Јужна Кореја спроведуваат заеднички воени вежби, што Пјонгјанг ги критикуваше како агресивни и провокативни.

    Последниот проектил со долг дострел што го испука Северна Кореја летал околу 760 километри и достигнал височина од 1.920 километри, но војската на Јужна Кореја кажа дека лансирањето завршило неуспешно.

    Сирените за тревога се огласија во неколку северни региони на Јапонија, иако владата кажа дека проектилот не преминал преку јапонскиот архипелаг, туку исчезнал над Јапонското Море.

    Северна Кореја тестираше бројни проектили оваа година и се верува дека наскоро ќе го изведе своето седмо тестирање на нуклеарно оружје, кое би било прво по пет години пауза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира