СЕВЕРНА КОРЕЈА ИЗВРШИ ДО СЕГА НАЈСИЛНО НУКЛЕАРНО ТЕСТИРАЊЕ, РЕГИСТРИРАНА СЕИЗМИЧКА АКТИВНОСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:35:"Сеул,(разниизвори)

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ИЗВРШИ ДО СЕГА НАЈСИЛНО НУКЛЕАРНО ТЕСТИРАЊЕ, РЕГИСТРИРАНА СЕИЗМИЧКА АКТИВНОСТ

    Северна Кореја соопшти дека успешно извршила петти нуклеарен тест. Сооопштението пристигна неколку часа откако беше регистрирана сериозна сеизмичка активност во близината на локацијата за тестирање.

    Јужна Кореја верува дека ова е досега најголем тест, зголемувајќи ги стравувањата дека Северот сериозно напредува со нуклеарното оружје.

    Претседателот на Јужна Кореја тестот го нарече „акт на самоуништување“, што ја покажува „манијачката невнимателност“ на лидерот Ким Јонг-ун.

    САД предупредија на „сериозни последици“.

    Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Пекинг е против тестирањето и ја повика Северна Кореја да избегнува понатамошни акции што би  можеле да ја влошат ситуацијата.

    Тестот беше прво откриен откако јапонската сеизмолошка опсерваторија регистрираше потрес од 5,3 степени, за кој беше речено дека „е поинаква од обичен земјотрес“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира