СЕВЕРНА КОРЕЈА ЈА ПРЕКИНА КОМУНИКАЦИЈАТА СО ЈУЖНА КОРЕЈА И ЈА НАРЕЧЕ НЕПРИЈАТЕЛ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ЈА ПРЕКИНА КОМУНИКАЦИЈАТА СО ЈУЖНА КОРЕЈА И ЈА НАРЕЧЕ НЕПРИЈАТЕЛПјонгјанг се решил на ваков чекор откако не успеал да ги запре активистите од Јужна Кореја да фрлаат пропагандни летоци преку границата (Фото: ЕПА)

    Северна Кореја објави дека ги прекинува сите комуникациски канали со Јужна Кореја, вклучувајќи ја жешката линија која директно ги поврзуваше лидерите на двете земји.

    Пјонгјанг кажа дека тоа е само првата во серијата акции, опишувајќи го својот сосед како „непријател“. Северна Кореја се решила на ваков чекор откако не успеала да ги запре активистите од Јужна Кореја да фрлаат пропагандни летоци преку границата.

    Северна и Јужна Кореја технички сѐ уште се во војна, бидејќи Корејската војна заврши во 1953 година без потпишување мировен договор.

    „Денеска точно на пладне, Северна Кореја ќе ја прекине и затвори комуникациската линија помеѓу властите на двете земји, што се одржуваше преку заедничката канцеларија за врски. Во исто време ќе бидат прекинати и сите воени комуникациски канали“, објави државната новинска агенција КЦНА.

    Во изминатите 21 месец, двете земји секој ден имаа по два телефонски повика преку оваа линија, но утрово немало одговор од севернокорејската страна. Одлуката била потпишана од сестрата на Ким Џонг-Ун, Ким Јо-Џонг.

    „Заклучивме дека нема потреба од директни контакти со јужнокорејските власти бидејќи тие упорно нѐ разочаруваат. Затоа решивме да се ослободиме од непотребните работи“, објави КЦНА.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира