СЕВЕРНА КОРЕЈА ЈА УНИШТИ КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ СО ЈУЖНА КОРЕЈА И СЕ ЗАКАНИ СО ВОЕНА АКЦИЈА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ЈА УНИШТИ КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ СО ЈУЖНА КОРЕЈА И СЕ ЗАКАНИ СО ВОЕНА АКЦИЈАТензиите помеѓу двете земји пораснаа во изминатиот период поради летоците што се фрлаат во Северна Кореја (Фото: АП)

    Северна Кореја ја уништи зградата на канцеларијата за врски со Јужна Кореја, што се наоѓа во пограничниот град Каесонг, објавија јужнокорејските власти.

    Ова уследи откако севернокорејската војска предупреди дека е подготвена да влезе во демилитаризираната зона што ги дели двете Кореи, бидејќи јужнокорејските активисти продолжиле да фрлаат пропагандни материјали преку границата. Изминатиот викенд, Ким Јо-џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави дека ѝ наредила на војската да биде подготвена за акција.

    „Спремни сме да ја претвориме првата линија на фронтот во тврдина и ја засиливме нашата воена подготвеност“, соопшти армијата.

    Тензиите помеѓу двете земји пораснаа во изминатиот период поради летоците што се фрлаат во Северна Кореја, најчесто со помош на балони.

    Северна и Јужна Кореја се разделени со таканаречената демилитаризирана зона од крајот на Корејската војна во 1950-ите.

    „Мислам дека е крајно време да расчистиме со јужнокорејските власти. Ѓубрето мора да се фрли во канта“, изјави Ким Јо-џонг.

    Ова следува откако Пјонгјанг минатата недела ги прекина сите комуникациски канали со јужниот сосед, нарекувајќи го непријател.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира