Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил од главниот град Пјонгјанг кој ја надлетал Јапонија, објавија светските медиуми повикувајќи се на извори во Јужна Кореја и во Јапонија.
Заедничкиот штаб на воените сили на Јужна Кореја и на САД во Сеул ја анализира ситуацијата и во прв момент се воздржа од коментар колку далеку отишол проектилот.
Властите во Јапонија изјавија дека ракетата летала над северниот дел од јапонскиот остров Хокаидо и паднала во Пацификот. Нема извештаи за штети врз бродови. Јапонската телевизија ХНК ТВ објави дека ракетата се распаднала на три дела.