СЕВЕРНА КОРЕЈА ПОВРЗАНА СО КРАЖБАТА НА 6,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД КРИПТО ГИГАНТОТ „БАЈНАНС“, ХАКИРАЊЕТО ТРАЕЛО 20 МИНУТИ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ПОВРЗАНА СО КРАЖБАТА НА 6,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД КРИПТО ГИГАНТОТ „БАЈНАНС“, ХАКИРАЊЕТО ТРАЕЛО 20 МИНУТИ„Бајнанс“ им порача на своите корисници дека нивните пари се безбедни и дека ги покрива сите загуби (Фото: ДПА)

    „Бајнанс“, најголемата светска берза за криптовалути, вели дека замрзнала околу половина од средствата украдени во најголемото хакирање во историјата, во кое било пристапено до 6,34 милијарди долари.

    Фирмата соопшти дека три милијарди долари од украдените дигитални средства се обезбедени, но многу од нив сè уште се во рацете на неидентификувани хакери. Првично се мислеше дека бил компромитиран лаптоп на инженер, но подоцна било утврдено дека нападот бил поширок.

    Неколку аналитички фирми го поврзаа хакирањето со севернокорејска хакерска единица. Тајната служба на САД соопшти дека „работи деноноќно за да ги идентификува, замрзне, пронајде и врати украдените средства“.

    „Бајнанс“ им порача на своите корисници дека нивните пари се безбедни и дека ги покрива сите загуби.

    Најголемиот дел од грабежот се одвивал околу 20 минути, почнувајќи доцна во четвртокот и има сличности со претходните големи напади за кои е обвинета Северна Кореја, според американските аналитички фирми „ТРМ Лабс“ и „Чеиналисис“. Северна Кореја со години користи државни сајберединици за шпионажа и финансиски кражби, според американските и јужнокорејските власти и експерти за сајбербезбедност.

    „Ова не го извршило едно лице. Нашата првична истрага сугерираше дека безбедносниот инцидент можеби вклучувал компромитиран лаптоп, но нашата последователна истрага откри дополнителни точки на пробив. Хакерите користеле механизам за самоуништување, кој уништувал алатки и траги во текот на нивното движење, што ни ги отежнува следењето и истрагата“, изјави еден од извршните директори на „Бајнанс“, Ричард Тенг.

    „Бајнанс“, која е основана во Кина во 2017 година, им овозможува на корисниците да тргуваат со дигитални средства и се проценува дека има повеќе од 300 милиони регистрирани корисници ширум светот. Компанијата во 2024 година изјави дека располага со повеќе од 160 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира