СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОТКАЖЕ СРЕДБАТА СО ТРАМП ОТИ НЕ ПРИФАЌА УЦЕНИ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА ОТКАЖЕ СРЕДБАТА СО ТРАМП ОТИ НЕ ПРИФАЌА УЦЕНИСредбата Трамп-Ким е закажана за 12 јуни во Сингапур, но Пјонгјанг почна да се премислува (Фото: АП)

    Северна Кореја наеднаш ги откажа преговорите на високо ниво со Сеул и се закани дека ќе ја откаже и долгоочекуваната средба со Доналд Трамп, доколку САД продолжат да инсистираат од неа да се откаже од целото свое нуклеарно оружје.

    Средбата Трамп-Ким е закажана за 12 јуни во Сингапур, но заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја кажа дека неговата земја нема интерес за ваков самит, додека САД даваат непромислени изјави и имаат скриени злобни намери, упирајќи го прстот кон советникот за национална безбедност Џон Болтон.

    „Ние не ги криеме нашите чувства на одбивност кон Болтон. Трамп ќе биде запаметен како неуспешен претседател доколку продолжи да оди по стапките на своите претходници. Ние соодветно ќе ѝ одговориме на американската администрација доколку таа покаже намера за подобрување на односите. Но, ние нема да бидеме заинтересирани за преговори, ако нивна цел е да бидеме притиснати и да ни се наметне еднострано барање да се откажеме од целото наше нуклеарно оружје. Ако продолжи ова, ние ќе бидеме принудени да размислиме дали ќе ја прифатиме средбата“, изјави Ким Кје-Гван.

    Оваа изјава дојде набргу откако Пјонгјанг објави дека ги откажува преговорите со Сеул, само два часа пред тие да почнат, во знак на протест против заедничката американско-корејска воена вежба. Таа почна во петокот и во неа учествуваат 100 авиони од двете земји. Министерот за одбрана на Јужна Кореја кажа дека вежбата ќе продолжи и дека таа служи само за обука на пилоти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира