СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ ГИ ПРОБИЛЕ КОМПЈУТЕРИТЕ НА ГОЛЕМА РУСКА ФИРМА ЗА РАКЕТИ

    СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ ГИ ПРОБИЛЕ КОМПЈУТЕРИТЕ НА ГОЛЕМА РУСКА ФИРМА ЗА РАКЕТИВеста за хакирањето доаѓа набргу по посетата на Пјонгјанг на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу минатиот месец за 70-годишнината од Корејската војна. (Фото: АП)

    Елитна група севернокорејски хакери во текот на најмалку пет месеци минатата година тајно ги пробила компјутерските мрежи на голема руска фрима што дизајнира ракети, според технички докази прегледани од Ројтерс и анализи од безбедносни истражувачи. Ројтерс откри дека тимови за сајбершпионажа поврзани со севернокорејската влада, која безбедносните истражувачи ја нарекуваат СкарКрафт и Лазарус, тајно инсталирале тајни дигитални задни врати во системите во „НПО Машиностројенија“, биро за дизајн на ракети со седиште во Реутов, мал град на периферијата на Москва.

    Ројтерс не можеше да утврди дали биле земени податоци за време на упадот или кои информации можеби биле прегледани. Во месеците по дигиталниот пробив, Пјонгјанг неколку пати објави дека има развој во неговата забранета програма за балистички ракети, но не е јасно дали тоа е поврзано со пробивањето. Експертите велат дека инцидентот покажува дека изолираната земја ќе ги таргетира дури и  своите сојузници, како што е Русија, во обид да добие критични технологии.

    „НПО Машиностројенија“ не одговори на барањата на Ројтерс за коментар. Руската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар испратено преку е-пошта. Мисијата на Северна Кореја во Обединетите нации во Њујорк не одговори на барањето за коментар.

    Веста за хакирањето доаѓа набргу по посетата на Пјонгјанг на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу минатиот месец за 70-годишнината од Корејската војна; прва посета на руски министер за одбрана на Северна Кореја по распадот на Советскиот Сојуз во 1991.

    Руската компанија, попозната како „НПО Маш“, дејствуваше како пионер во развивањето хиперсонични ракети, сателитски технологии и балистичко вооружување од поновата генерација, според ракетните експерти – три области од голем интерес за Северна Кореја откако таа ја започна својата мисија да создаде Интерконтинентална балистичка ракета која може да го погоди копното на САД. Според техничките податоци, упадот отприлика започнал кон крајот на 2021 и продолжил до мај 2022, кога, според интерните комуникации во компанијата што ги прегледа Ројтерс, ИТ инженерите ја откриле активноста на хакерите.

    „НПО Маш“ стана позната за време на Студената војна како главен производител на сателити за руската вселенска програма и како снабдувач на крстосувачки ракети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира