Володимир Зеленски изјави дека западот треба да го промени својот однос кон војната во Украина, велејќи дека Северна Кореја испраќа и војници да се борат на страната на Русија. Кремљ ги отфрли претходните јужнокорејски тврдења дека Северна Кореја можеби испратила воен персонал за да ѝ помогне на Русија во Украина и дека размислува за поголемо учество.
„Гледаме дека унијата помеѓу Русија и сличните режими како Северна Кореја станува посилна. Тука не станува збор само за трансфер на оружје, туку и за трансфер на луѓе од Северна Кореја во вооружените сили на окупаторот. Јасно е дека во такви околности нашите врски со нашите партнери мора да се развиваат. Треба поголема поддршка на фронтот и тука збориме за проектили со долг дострел и за поредовно снабдување на нашите сили“, изјави Зеленски.
Јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Јонг-хјун минатата недела изјави дека постои голема можност дека Северна Кореја испратила војници во Украина. Тој кажа дека се веројатно точни информациите дека севернокорејски воени офицери загинале во украински напад врз територија под контрола на Русија.
„Ова звучи како ушто парче лажни вести“, возврати портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.