СЕВЕРОТ НА КОСОВО И НАТАМУ БЛОКИРАН, НО СИТУАЦИЈАТА НОЌЕСКА БЕШЕ МИРНА

    СЕВЕРОТ НА КОСОВО И НАТАМУ БЛОКИРАН, НО СИТУАЦИЈАТА НОЌЕСКА БЕШЕ МИРНАВучиќ ги повика Србите на северот на Косово да бидат мирни и сталожени и да не наседнуваат на провокации (Фото: Н1)

    Косовските Срби кои протестираат поради апсењето на бившиот полицаец Дејан Пантиќ и натаму се на барикадите, а северот на Косово е блокиран, при што преку административните премини Брњак и Јариње не може да се помине ни пешки.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика Србите на северот на Косово да бидат мирни и сталожени, да не наседнуваат на провокации и да ги почитуваат КФОР и ЕУЛЕКС. Училиштата во северниот дел на Косово и денеска ќе бидат затворени.

    РТС јавува дека ноќта поминала мирно, но дека северот на Косово останува блокиран, како од полицијата, така и од граѓаните. Косовската полиција целосно го забрани движењето преку премините Брњак и Јариње, додека припадниците на специјалните косовски сили РОСУ упаднаа во објектот на големата брана Газиводе, каде што ги искинале српските знамиња.

    По 21 часот се слушнале истрели и детонација во Рудар кај Звечани, но не е познато кој пукал. Таму и натаму има барикади, но ситуацијата е мирна, велат српските медиуми.

    Поради последните случувања во Косово, Вучиќ синоќа свика седница на Советот за национална безбедност, истакнувајќи дека вчерашниот ден му бил најтешкиот досега.

    Ова се драматични денови, за кои ние не сме виновни. Косовската полиција нема никакво право да биде на северот на Косово. Белград не нареди да се постават блокади“, кажа Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира