ШЕФОТ НА АВСТРИСКАТА АНТИТЕРОРИСТИЧКА СЛУЖБА СУСПЕНДИРАН ПОРАДИ НИЗА РАЗУЗНАВАЧКИ ПРОПУСТИ ПРЕД НАПАДОТ ВО ВИЕНА

    ШЕФОТ НА АВСТРИСКАТА АНТИТЕРОРИСТИЧКА СЛУЖБА СУСПЕНДИРАН ПОРАДИ НИЗА РАЗУЗНАВАЧКИ ПРОПУСТИ ПРЕД НАПАДОТ ВО ВИЕНАЧетири минувачи се убиени во пукањето во центарот на Виена во понеделникот вечер (Фото: Гети)

    Австриските власти открија дека имало повеќе разузнавачки пропусти во пресрет на терористичкиот напад во Виена, поради што шефот на антитерористичката служба одлучи да се повлече. Ерих Цветлер е суспендиран нa негово лично барање, кажа полицијата.

    Четири минувачи се убиени во пукањето во центарот на Виена во понеделникот вечер, што го изврши 20-годишниот Кујтим Фејзулаи, австриски државјанин по потекло од Македонија, кој бил во затвор за обидот да се придружи на Исламска држава во Сирија, но предвреме бил пуштен на слобода откако поминал низ процес на дерадикализација.

    Потоа се дозна дека австриските власти имале дојава од Словачка дека Фејзулаи летоска сакал да купи муниција во Братислава, а сега признаа и дека тој се сретнал со две лица од Германија, кои веќе биле набљудувани. Во двата случаја, австриската разузнавачка служба не реагирала соодветно.

    „Тука станува збор за очигледни грешки што не смеат да се толерираат“, изјави министерот за внатрешни работи Карл Нехамер.

    Австрија во меѓувреме ги затвори џамиите во виенските предградија Мидлинг и Отакринг, што Фејзулаи редовно ги посетувал, а за кои се вели дека придонесле за негова радикализација и имале врски со милитантни исламисти.

    На осум лица на возраст од 16 до 24 години, кои беа уапсени по нападот во Виена, вчера им беше продолжен притворот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира