ШЕСТ ЧЛЕНА НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО, ОД КОИ ТРИ ДЕЦА, ГИ ИЗВЕЛЕ САМОУБИСТВЕНИТЕ НАПАДИ ВО ИНДОНЕЗИЈА

    ШЕСТ ЧЛЕНА НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО, ОД КОИ ТРИ ДЕЦА, ГИ ИЗВЕЛЕ САМОУБИСТВЕНИТЕ НАПАДИ ВО ИНДОНЕЗИЈАВо нападите на трите цркви учествувале и три малолетни деца (Фото: АП)

    Шест члена на едно семејство, вклучувајќи и три малолетни деца, ги извеле самоубиствените бомбашки напади на три цркви во вториот по големина град во Индонезија, Сурабаја, во еден од најголемите напади на христијанското малцинство во земјата.

    Најмалку седум луѓе, плус шесте напаѓачи, загинале во нападите, а уште 41 лице било повредено.

    Ова се најтешките напади на цркви во Индонезија од 2000 година, кога за Божиќ загинаа 15 луѓе, а над 100 беа повредени.

    Шефот на полицијата во Сурабаја, Тито Карнавијан, кажа дека таткото се разнесол со автомобил-бомба, двата сина, од 18 и 16 години, користеле мотоцикли во нападите, а мајката била со ќерките од 12 и девет години кога го извршила својот напад.

    Карнавијан додаде дека семејството пред некое време се вратило од Сирија, кадешто престојувало на територија под контрола на Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира