ШЕСТ ЖЕНИ СО АЗИСКО ПОТЕКЛО МЕЃУ ОСУМТЕ УБИЕНИ ВО САЛОНИ ЗА МАСАЖА ВО АТЛАНТА

    ШЕСТ ЖЕНИ СО АЗИСКО ПОТЕКЛО МЕЃУ ОСУМТЕ УБИЕНИ ВО САЛОНИ ЗА МАСАЖА ВО АТЛАНТАУапсен е 21-годишник, кој е осомничен дека ги извршил сите три напади (Фото: АП)

    Осум луѓе, вклучувајќи најмалку шест жени со азиско потекло, се убиени во пукањето во три салони за масажа во американската сојузна држава Џорџија. Полицијата кажа дека четворица луѓе се убиени во Акворт, предградие на Атланта и уште четири во два други салона во самиот град.

    Генералниот конзулат на Јужна Кореја во Атланта потврди дека четири жртви имаат потекло од оваа држава.

    Официјални лица кажаа дека уапсиле 21-годишник, кој е осомничен дека ги извршил сите три напади. Засега не е познат мотив за пукањето, но во изминатите месеци се засили омразата кон Азијците во САД, кои често се обвинуваат дека го прошириле коронавирусот во земјата. Овој проблем минатата недела го истакна и осуди и претседателот Џо Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира