ШЕСТМИНА ЧЛЕНОВИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО ЕГЗЕКУТИРАНИ ВО КАЛИФОРНИЈА, МЕЃУ НИВ И 10-МЕСЕЧНО БЕБЕ

    ШЕСТМИНА ЧЛЕНОВИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО ЕГЗЕКУТИРАНИ ВО КАЛИФОРНИЈА, МЕЃУ НИВ И 10-МЕСЕЧНО БЕБЕКуќата во гратчето Гошен била цел на полициска рација минатата недела (Фото: Гети)

    Шестмина членови на едно семејство се убиени во куќа во Калифорнија, која на полицијата ѝ била позната по активности поврзани со дрога. Властите кажаа дека убиството наликувало на егзекуција во стилот на картели.

    Меѓу жртвите се десетмесечно момче и неговата 16-годишна мајка, како и бабата и прабабата на бебето. Куќата во гратчето Гошен, кое има 3.000 жители, била цел на полициска рација минатата недела, при што биле пронајдени марихуана и метамфетамини.

    Полицијата соопшти дека се бараат две лица кои се сомничат дека го извршиле масакрот.

    „Убиени се шест лица на возраст од десет месеци до 72 години, а три се ранети. Ништо од ова не е случајно. Две тела се пронајдени на улица, а останатите во куќата“, изјави шефот на полицијата на округот Тулар, Мајк Будро.

    Според доказите, мајката и бебето бегале од куќата и биле застрелани во глава додека убиецот стоел над нив. ФБИ понуди награда од 10.000 долари за информација која би довела до апсење, при што се надгледуваат границите со Мексико и Канада.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира