ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДОТ СО ГАС НА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ

    ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДОТ СО ГАС НА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТПолицијата потврди дека во воздухот на аеродромот нема опасни супстанци (Фото: ЕПА)

    Шест лица се повредени во напад со непознат гас на аеродромот во Франкфурт, јави весникот „Билд“.

    Патниците биле попрскани со гас што предизвикува иритација додека чекале да се чекираат на терминалот 1.

    Пожарникари биле повикани на местото на нападот, откако патниците се пожалиле на иритација во очите и на проблеми со дишењето.

    Полицијата на Твитер објави дека гасот бил попрскан од непознато лице и дека истрагата е во тек. Мотивите на нападот засега не се познати.

    Други повредени нема и аеродромската полиција потврди дека во воздухот нема опасни супстанци.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира