ШОКАНТНИ СЦЕНИ ВО ВАШИНГТОН, РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ, ВЕЛИ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО

    ШОКАНТНИ СЦЕНИ ВО ВАШИНГТОН, РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ, ВЕЛИ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТОГенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во македонското Собрание. (Фото: СДК.МК)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека резултатите од претседателските избори во САД мора да се почитуваат, откако денеска приврзаници на Доналд Трамп насилно упаднаа во Конгресот во обид да го спречат прогласувањето на Џо Бајден за нов претседател.

    „Шокантни сцени во Вашингтон. Исходот од овие демократски избори мора да се почитува“, твитна Столтенберг.

    Трамп претходно денеска одржа митинг пред Белата куќа, каде што рече дека победата му е украдена. Неговите приврзаници потоа се упатија кон Конгресот, каде што Сенатот и Претставничкиот дом имаа заедничка седница, на која што требаше и формално да се потврди победата на Бајден на изборите на 3 ноември.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира