ШОЛЦ МУ РЕКОЛ НА ОРБАН ДА ИЗЛЕЗЕ ОД СОБАТА ЗА ДА МОЖАТ ОСТАНАТИТЕ ЛИДЕРИ НА ЕУ ЕДНОГЛАСНО ДА ОДЛУЧАТ ЗА УКРАИНА

    ШОЛЦ МУ РЕКОЛ НА ОРБАН ДА ИЗЛЕЗЕ ОД СОБАТА ЗА ДА МОЖАТ ОСТАНАТИТЕ ЛИДЕРИ НА ЕУ ЕДНОГЛАСНО ДА ОДЛУЧАТ ЗА УКРАИНААко Орбан е против отворање пристапни преговори со Киев, германскиот канцелар сугерираше тој да ја напушти просторијата на кратко. (Фото: ДПА)

    По три часа заглавени разговори меѓу лидерите на ЕУ околу почнувањето пристапни преговори со Украина, германскиот канцелар Олаф Шолц му предложи на унгарскиот премиер Виктор Орбан: „Напи се едно кафе надвор од собата“, објави „Политико“, повикувајќи се на тројца функционери запознаени со настанот.

    Ако Орбан е против отворање пристапни преговори со Киев, германскиот канцелар сугерираше тој да ја напушти просторијата на кратко. Шолц ја кажа оваа сугестија пред своите колеги од ЕУ, собрани на тркалезна маса на синоќешниот самит на лидерите во Брисел.

    Идејата, како што кажа Шолц, е да се дозволи на 26-те лидери на ЕУ кои ќе останат во собата да да одобрат почеток на преговорите со Украина. За таква одлука е потребна едногласност, а правилата на ЕУ дозволуваат тоа да се случи и без еден лидер, ако тој е отсустен. Истовремено, Орбан ќе може да каже дека гласал во корист на Украина.

    Откако Шолц и Орбан разговараа на маргините, Орбан ја напушти просторијата, отворајќи пат за историската одлука на ЕУ во врска со Украина.

    Идејата дека лидер на ЕУ може да ја напушти собата за да се донесе едногласна одлука е многу невообичаена. Всушност, лидерите и другите дипломати на самитот не можат да кажат дали потегот на Шолц бил искористен претходно.

    „Тој искористи стар трик од неговото време во Младите социјалисти“, кажа еден функционер на самитот, зборувајќи за младинската организацијата на партијата на Шолц СПД, кога тој беше заменик претседавач во 1980-те.

    Откако лидерите на ЕУ ја соопштија одлуката за отворањето пристапни преговори со Украина, Орбан кажа на Фејсбук: „Унгарија не сака да биде дел од оваа лоша одлука.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира