ШОЛЦ НЕ ВЕРУВА ДЕКА ТРАМП ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА

    ШОЛЦ НЕ ВЕРУВА ДЕКА ТРАМП ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО БЕЛАТА КУЌАСпоред германскиот канцелар, актуелниот претседател Џо Бајден има најголем потенцијал да се справи со поделбите во американското општество. (Фото: СДК.МК)

    Германскиот канцелар Олаф Шолц не верува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп би можел пак да биде избран за претседател. На настан организиран од весникот Аугзбургер Алгемајне, тој кажа дека е многу поверојатно повторно да биде избран актуелниот претседател Џо Бајден.

    Шолц не сакаше да коментира конкретно дали германската влада е подготвена за изборна победа на Трамп.

    Шолц го пофали Бајден за „неверојатното искуство во меѓународната политика“ и неговите „добри проценки“.

    Според германскиот канцелар, Бајден има најголем потенцијал да се справи со поделбите во американското општество.

    „Ако некој има шанса да ги надмине овие поделби, тоа е демократскиот претседател Бајден“, рече Шолц.

    Трамп првин треба да победи на внатрепартиските избори за претседателски кандидат и во моментов има убедливо најголем рејтинг меѓу републиканските кандидати.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира