ШПАНЕЦ КОЈ ИСТРЧУВА ОД ГОЛЕМ ОГАН СТАНА СИМБОЛ НА БОРБАТА ПРОТИВ КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОЖАРИ ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА

    ШПАНЕЦ КОЈ ИСТРЧУВА ОД ГОЛЕМ ОГАН СТАНА СИМБОЛ НА БОРБАТА ПРОТИВ КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОЖАРИ ВО ЗАПАДНА ЕВРОПААнхел Мартин Архона е префрлен во болницата во Ваљадолид со сериозни изгореници

    Драматичната снимка од Шпанец кој бега од голем оган откако се обидел да го спаси своето село стана симбол на катастрофалните пожари кои пустошат низ западна Европа среде жестокиот топлотен бран, кој донесе рекордно високи температури.

    Анхел Мартин Архона е префрлен во болницата во Ваљадолид со сериозни изгореници по инцидентот близу селото Табара во северозападниот шпански регион Кастиља и Леон. Тој со багер копал ров околу селото со цел да го заштити од пожарот кога бил зафатен од огнот, исчезнувајќи зад завеса од чад и пламен. По неколку секунди, Архона бил снимен како истрчува од огнот со изгорена облека.

    Провинцијата Самора, на која ѝ припаѓа и Табара, е тешко погодена од пожарите и досега се евакуирани околу 6.000 луѓе од 32 села. Пожарите, во кои досега загинаа две лица, се надвор од контрола и северно од Барселона и во регионот Галиција.

    Во неколку дела од Франција се регистрирани најжешките денови досега, при што во Нант се измерени 42 степени. Во изминатите денови биле евакуирани над 30.000 луѓе во Франција, а особено настрада популарниот југозападен туристички регион Жиронд.

    „Овој пожар е како чудовиште. Расте и расте на сите страни и тешко е да се бориме против него“, изјави претседателот на Жиронд, Жан-Лик Глејзе.

    Во Шпанија и Португалија се регистрирани над 1.000 смртни случаи поврзани со жештините.

    Метеоролозите велат дека жешкиот бран се движи кон север и се најавуваат температури над 40 степени во Белгија и западна и југозападна Германија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира