ШПАНИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ ЕВРОПСКИОТ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИ

    ШПАНИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ ЕВРОПСКИОТ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИИзрази подготвеност да се врати во Шпанија и да земе учество во изборите на 21 декември. - Карлес Пуигдемонт (Фото: Ројтерс)

    Шпански судија го повлече меѓународниот налог за апсење на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, и на четворицата негови соработници, кои избегаа во Белгија, набргу откако Мадрид ја презеде контролата врз институциите во регионот, кој сакаше да прогласи независност.

    Врховниот суд соопшти дека тие сѐ уште се соочуваат со обвинувањата за побуна и повикување на сецесија, бидејќи не се повлечени и шпанските налози за апсење.

    Тие изразија подготвеност да се вратат во Шпанија и да земат учество во регионалните избори на 21 декември“, изјави судијата Пабло Љорена.

    Иако по нив беше распишан европски налог за апсење, судот во Брисел не им одреди притвор на Пуигдемонт и на неговите соработници.

    Судот во Мадрид вчера пушти на слобода шестмина поранешни каталонски министри, додека двајца и натаму остануваат во затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира