ШПАНСКАТА ВЛАДА НАРЕДИ МАДРИД ДА СЕ СТАВИ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ШПАНСКАТА ВЛАДА НАРЕДИ МАДРИД ДА СЕ СТАВИ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТРегионалната влада на Мадрид соопшти дека карантинот е законски невалиден (Фото: АФП)

    Шпанската влада нареди воведување карантин во Мадрид и во околните општини по зголемениот број на нови случаи на коронавирус. Согласно новите рестрикции, на жителите нема да им биде дозволено да ја напуштат областа, освен за суштински патувања.

    Регионалната влада на Мадрид смета дека карантинот е законски невалиден. На пошироката област на Мадрид отпаѓа една третина од новите 133.604 случаи на коронавирус регистрирани во Шпанија во изминатите две недели.

    Мнозинството на шпанските регионални влади вчера одобри воведување рестрикции во оние области каде што има 500 заразени на 100.000 жители и пополнетост на одделите за интензивна нега од 35%. Мадрид ги исполнува овие услови, бидејќи има стапка од 780 заразени на 100.000 жители.

    Според новите ограничувања, мадридскиот регион ќе ги затвори своите граници за несуштински патувања, а ќе се затворат и парковите и детските игралишта. Јавните собири ќе бидат ограничени на само шест луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира