ШВАЈЦАРИЈА И СРБИЈА СЕ НУДАТ ЗА ДОМАЌИНИ НА СРЕДБА ПУТИН-ТРАМП, ВУЧИЌ ВЕЛИ ДВАЈЦАТА СЕ МНОГУ ПОПУЛАРНИ ВО СРБИЈА

    ШВАЈЦАРИЈА И СРБИЈА СЕ НУДАТ ЗА ДОМАЌИНИ НА СРЕДБА ПУТИН-ТРАМП, ВУЧИЌ ВЕЛИ ДВАЈЦАТА СЕ МНОГУ ПОПУЛАРНИ ВО СРБИЈАТрамп минатата недела тврдеше дека Путин сака да се сретнат (Фото: АП)

    Швајцарија и Србија понудија да бидат домаќини на можна средба на Владимир Путин и Доналд Трамп, кој деновиве кажа дека негов тим работи на договарање на средбата. Трамп, кој в понеделник ќе се врати во Белата куќа, се надева дека може да ја искористи средбата за да го исполни своето ветување за брз крај на војната во Украина.

    Швајцарското министерство за надворешни работи се понуди да биде домаќин на оваа средба. Пречка би можела да биде потерницата што Меѓународниот кривичен суд во Хаг ја распиша по Путин. Портпаролот на министерството за надворешни работи Никола Бидо изјави дека швајцарските власти би можеле да направат исклучок во интерес на мировните преговори.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера кажа дека Србија е држава во која Трамп има најмногу поддржувачи, а својата земја ја претстави како неутрална во борбата помеѓу Русија и западот.

    Не постои земја која може да се спореди со Србија во поглед на поддршката за Трамп. Во исто време, Србија е земја во која и Путин е многу популарен. Ние сме иделна држава за ваква средба и зашто Србија не е членка на воени алијанси како НАТО“, рече Вучиќ.

    Трамп минатата недела тврдеше дека Путин сака да се сретнат, додека Кремљ кажа дека се отворени за разговори, но засега не е договорен никаков состанок.

    Се прават подготовки за средба Трамп-Путин. Тие би требало да разговааат барем телефонски во следните денови и недели“, изјави советникот за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира