ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ГИ ВАКЦИНИРА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

    ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ГИ ВАКЦИНИРА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛАШвајцарија на 4 јуни ја одобри вакцината на „Фајзер“ за вакцинација на деца на возраст од 12 до 15 години. (Фото: СДК.МК)

    Швајцарија планира да им дозволи на децата од 12 до 15 години да примат вакцина против ковид-19 уште од следната недела, кажа надлежниот за вакцинација во швајцарската влада Криштоф Бергер за локалните медиуми.

    „Младите луѓе кои сакаат да се вакцинираат треба да ја добијат таа можност“, изјави Бергер, додавајќи дека владата треба и официјално да даде одобрение следната недела.

    „За тие со хронични болести или за тие што се во контакт со лица со компромитиран имун систем, вакцинацијата има смисла“, вели Бергер.

    Швајцарија на 4 јуни ја одобри вакцината на „Фајзер“ за вакцинација на деца на возраст од 12 до 15 години. „Модерна“, чија што вакцина е одобрена за возрасни во земјата, исто така поднесе барање нејзината вакцина да биде одобрена за деца од 12 до 17 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира