Швајцарија на референдум одлучи да се забрани покривање на лицето во јавност, вклучувајќи ги бурките и никабот, кои ги носат муслиманките. Официјалните резултати покажаа дека за мерката гласале 51,2 отсто од гласачите, а против бил 48,8 отсто, што е доволно забраната да биде впишана во швајцарскиот устав.
Предлогот за референдум беше на десничарската партија СВП, чија што кампања беше со слоганот „Стоп за екстремизмот“.
Според истражувањето на Универзитетот Луцерн, речиси никој во Швајцарија не носи бурка, а околу 30 отсто од муслиманките носат никаб. Околу 5 отсто 8,6-те милиони жители на Швајцарија се муслимани, а најголем дел од нив се со потекло од Турција, Босна и Косово.
Претходно вакви забрани воведоа Франција, Белгија и Австрија.