ШВАРЦЕНЕГЕР ДОЈДЕ СО ВЕЛОСИПЕД НА КЛИМАТСКИОТ САМИТ ВО ПАРИЗ

    ШВАРЦЕНЕГЕР ДОЈДЕ СО ВЕЛОСИПЕД НА КЛИМАТСКИОТ САМИТ ВО ПАРИЗНе пропушти прилика да го искритикува Доналд Трамп. -Арнолд Шварценегер (Фото: АП)

    Над 50 светски лидери им се придружија на банкари, енергетски магнати и на други видни личности во Париз, на самитот за кој францускиот претседател Емануел Макрон се надева дека ќе биде пресвртница во борбата против глобалното затоплување, и покрај тоа што САД излегоа од Парискиот договор.

    Меѓу учесниците на самитот се и Шон Пен, Арнолд Шварценегер, Илон Маск и Бил Гејтс и сите дојдоа да дадат поддршка на милијарди долари вредни проекти, со кои ќе се помогне сиромашните земји и индустриите да ја намалат емисијата на штетните гасови.

    „Доналд Трамп ги повлече САД од Парискиот договор, но не грижете се за тоа. Ние ќе ја продолжиме борбата за да им обезбедиме иднина на нашите деца и внуци. Ништо нема да нѐ запре“, кажа Шварценегер.

    Во исто време, во центарот на Париз протестираат активисти, кои побараа да се стави крај на инвестирањето во вадење нафта, гас и останати ресурси, што се совпаѓа со пораките што светските лидери ги испратија на отворањето на самитот. Тие се согласија дека глобалниот финансиски систем сѐ уште е тесно поврзан со енергетски и бизнис проекти кои влијаат врз климатските промени.

    Над 3.000 припадници на обезбедувањето се распоредени низ Париз заради самитот, што заеднички го организираат Обединети нации, Светска банка и Макрон, кој не го покани Трамп, кого дополнително го испровоцира со слоганот „Да ја направиме нашата планета зелена повторно“. Тој се одржува по повод две години од постигнувањето на Парискиот договор, што досега го потпишаа 170 земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира