ШВЕДСКА ПОВТОРНО ГО ОТВОРИ СЛУЧАЈОТ ЗА СИЛУВАЊЕ ПРОТИВ ЏУЛИЈАН АСАНЖ

    ШВЕДСКА ПОВТОРНО ГО ОТВОРИ СЛУЧАЈОТ ЗА СИЛУВАЊЕ ПРОТИВ ЏУЛИЈАН АСАНЖАсанж минатиот месец беше изведен од амбасадата на Еквадор во Лондон (Фото: Гети)

    Шведска објави дека повторно ќе отвори истрага за обвинувањето за силување против коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Таа беше прекината во 2017 година бидејќи Асанж се наоѓаше во амбасадата на Еквадор во Лондон, но обвинителите тогаш кажаа дека повторно ќе може да се отвори доколку ситуацијата се промени.

    Лондонската полиција минатиот месец го изнесе Асанж од амбасадата, кадешто тој живееше во последните седум години, откако Еквадор наеднаш му го одзеде азилот. Тој беше уапсен под обвинение дека ги прекршил условите за кауција, за што потоа доби 50 недели затвор. Набргу потоа, една од жените која го обвини за силување побара случајот повторно да биде отворен. Друг случај во кој беше обвинет за сексуален прекршок беше повлечен во 2015 година бидејќи настапило застарување.

    Екстрадиција на Асанж бараат и американските власти за објавување на тајни воени и дипломатски документи, за што се соочува со пет години затвор.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари