ШВЕДСКА РАКЕТА СЕ РАСИПА И ПАДНА ВО НОРВЕШКА

    ШВЕДСКА РАКЕТА СЕ РАСИПА И ПАДНА ВО НОРВЕШКАРакетата паднала околу десет километри од најблиското населено место (Фото: ССЦ)

    Норвешка ѝ се налути на Шведска откако нејзина истражувачка ракета се расипа и падна на територијата на соседната земја. Ракетата била лансирана во понеделникот од шведскиот вселенски центар Есрејнџ, пред да падне во планински венец во Норвешка.

    Шведска се извини и отвори истрага, но Норвешка жестоко ја критикуваше зашто официјално не ја известила за инцидентот.

    Според Шведската вселенска корпорација, ракетата достигнала височина од 250 километри, каде што во нулта гравитација се спроведуваат експерименти. Потоа паднала 40 километри подалеку од планираното место за спуштање, во норвешката општина Малселв, околу десет километри од најблиското населено место. Во инцидентот нема повредени, ниту е предизвикана материјална штета.

    Ова е отстапување на кое сериозно му пристапуваме. Рано е да се шпекулира за причините, чекаме повеќе информации од истрагата“, изјави Марко Коберг од вселенскиот центар.

    Ракетата позната како „тексус-58“ е дел од програма на Европската вселенска агенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира