ШВЕДСКА СЕ БОРИ СО ДЕСЕТИЦИ ПОЖАРИ, ГОРИ И ЛАПОНИЈА НА КРАЈНИОТ СЕВЕР

    ШВЕДСКА СЕ БОРИ СО ДЕСЕТИЦИ ПОЖАРИ, ГОРИ И ЛАПОНИЈА НА КРАЈНИОТ СЕВЕРШведска побара меѓународна помош откако пожарите се проширија на површина од илјадници хектари (Фото: Гети)

    Европска комисија објави дека ќе испрати дополнителна помош во Шведска, која со денови се бори со десетици пожари, што опфатија површина од илјадници хектари.

    Шведската влада побара меѓународна помош и за речиси целата земја издаде предупредување за опасност од пожар, ситуација предизвикана од високите температури и долгите периоди без дожд.

    Пожарите стигнаа на север сè до Арктичкиот круг, од кои 44 горат во Лапонија на крајниот север и се проширија до јужниот остров Готланд.

    Италија и Франција испратија канадери, а помош на Шведска ветија и Литванија, Германија, Полска и Данска.

    Европската Унија е со шведската влада и со шведскиот народ. Ова е солидарност на дело“, кажа европскиот комесар за менаџирање со хуманитарна помош и кризи, Христос Стилијанидес.

    Шефот на цивилната заштита на Шведска Дан Елијасон ги опиша пожарите како една од најтешките ситуации со кои земјата досега се соочила.

    Нема да успееме да ги изгаснеме најголемите пожари, туку ќе се обидеме да го спречиме нивното ширење и ќе чекаме да се подобрат временските услови“, кажа тој.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира