ШВЕДСКИТЕ ВЛАСТИ ИСТРАЖУВААТ НАВОДНО СИЛУВАЊЕ ШТО СЕ ПОВРЗУВА СО ФУДБАЛСКАТА ЅВЕЗДА КИЛИЈАН МБАПЕ

    ШВЕДСКИТЕ ВЛАСТИ ИСТРАЖУВААТ НАВОДНО СИЛУВАЊЕ ШТО СЕ ПОВРЗУВА СО ФУДБАЛСКАТА ЅВЕЗДА КИЛИЈАН МБАПЕМбапе ги отфрли медиумските написи како лажни вести (Фото: Рекс)

    Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе изјави дека е вчудовиден што неговото име се поврзува со случај на силување во Шведска, но неговиот адвокат кажа дека играчот е смирен зашто нема за што да жали. Шведските власти потврдија дека виш обвинител истражува извештај за наводно силување во Стокхолм, без да наведе кое било име.

    Сепак, шведските медиуми објавија дека Мбапе се поврзува со инцидент во хотел во централен Стокхолм, што се случил минатиот вторник. Мбапе се огласи на Икс, каде што има 14 милиони следбеници и кратко кажа дека тоа се лажни вести.

    Шведските медиуми кажаа дека Мбапе престојувал во Стокхолм два дена минатата недела, при што посетил ресторан и ноќен клуб. Тој беше снимен во центарот на градот со уште тројца луѓе. Шведските обвинители изјавија дека според кривична пријава поднесена во полиција, инцидентот што се истражува се случил на 10 октомври во хотел.

    Мбапе не играше за француската репрезентација на последните мечеви во Лигата на нации и се врати да тренира во Реал Мадрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира