СИЛЕН ВЕТЕР УРНА АВИОН СО 103 ПАТНИЦИ ВО МЕКСИКО, НЕМА ЗАГИНАТИ

    СИЛЕН ВЕТЕР УРНА АВИОН СО 103 ПАТНИЦИ ВО МЕКСИКО, НЕМА ЗАГИНАТИПовеќето од патниците сами си заминале по падот пред авионот да се запали

    Патнички авион се урна во мексиканската сојузна држава Дуранго набргу по полетувањето, но гувернерот Хосе Росас Аиспуро кажа дека е вистинско чудо како никој не загинал. Во авионот имало 103 луѓе и 97 се повредени, од кои двајца се во критична состојба, меѓу нив и пилотот.

    Аиспуро додаде дека авионот бил удрен од силен ветер, што довело до негово паѓање. Повеќето од патниците сами си заминале пред авионот да се запали.

    Авионот на компанијата „Аеромексико“ требало да лета на релацијата Гвадалупе-Мексико Сити. Властите кажаа дека во авионот имало 99 патници и четири члена на екипажот и 37 од нив се задржани во болница.

    „Првите податоци велат дека лошото време е причината за падот. Тој полета при големо невреме, пред да се обиде принудно да слета“, изјавија од аеродромот во Гвадалупе.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира