СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА УНИШТИ ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ХАВАНА, НАЈМАЛКУ 22 ЗАГИНАТИ

    СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА УНИШТИ ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ХАВАНА, НАЈМАЛКУ 22 ЗАГИНАТИ„Саратога“ беше едно од обележјата на колонијалната област на Хавана (Фото: АП)

    Најмалку 22 луѓе загинаа, а над 60 се повредени откако голема експлозија уништи еден од најлуксузните хотели на Куба. Се верува дека се запалила цистерна со гас паркирана пред хотелот „Саратога“ во Хавана, по што дошло до експлозија, во која се уништени неколку ката од зградата од 19. век.

    Хотелот повторно требаше да се отвори за четири дена, откако беше затворен во голем дел од пандемијата.

    Спасувачките екипи пребаруваат по урнатините со надеж дека ќе најдат уште преживеани. Властите кажаа дека меѓу загинатите се и трудница и дете.

    Се верува дека пред хотелот експлодирала цистерна со гас (Фото:: АП)

    „Во прв момент помисливме дека е земјотрес, а потоа видовме големи облаци од чад и прашина“, изјави еден сведок.

    Претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел, изјави дека не станува збор за бомба или напад, туку за трагична несреќа.

    „Саратога“ беше едно од обележјата на колонијалната област на Хавана, а меѓу славните личности кои престојувале таму се Мадона, Бијонсе и Мик Џегер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира