СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА УНИШТИ ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ, НАЈМАЛКУ 16 ПОВРЕДЕНИ

    СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА УНИШТИ ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ, НАЈМАЛКУ 16 ПОВРЕДЕНИПричината за експлозијата засега не е утврдена (Фото: АФП)

    Најмалку 16 луѓе се повредени, од кои седум сериозно во голема експлозија во центарот на Париз. Експлозијата се случи во зграда близу црквата „Вал де Грас“, при што зградата се запали и добар дел од неа се урна.

    Според очевидците, пред експлозијата можел да се почувствува силен мирис на гас. Француските обвинители кажаа дека причината за експлозијата засега не е утврдена.

    Во уништената зграда се наоѓаа меѓународно школо за дизајн и седиштето на Католичкиот образовен систем. Во тек е голема спасувачка операција, зашто постои можност да има жртви под урнатините.

    Пожарот што избувна по експлозијата е ставен под контрола“, изјави шефот на париската полиција Лоран Нуњез.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира