СИЛНО НЕВРЕМЕ ОДНЕСЕ ПЕТ ЖИВОТИ ВО ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА

    СИЛНО НЕВРЕМЕ ОДНЕСЕ ПЕТ ЖИВОТИ ВО ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПАДелови од Хамбург се поплавени по излевањето на реката Елба (Фото: ДПА)

    Невремето Херварт однесе пет животи и предизвика сообраќаен хаос и поплави, откако помина низ Германија, Полска и Чешка, а ветрови со брзина од над 140 километри на час зад себе оставија сериозни штети и во Словачка.

    Една жена се удави во Балтичкото Море при превртувањето на моторен чамец, кој превезувал три туристи, што е втората жртва на невремето во Германија. Претходно, маж и жена загинаа во Чешка, кога нивниот автомобил беше смачкан од дрво, а на ист начин едно лице го загуби животот во Полска.

    Едно лице е сериозно повредено во Берлин, откако врз него паднале делови од градежна конструкција, а во Хамбург се излеа реката Елба, при што е поплавено и пристаништето.

    Невремето предизвика големи штети во електричната мрежа и на патиштата, кои на многу места се блокирани од паднати дрвја.

    Ова е второ големо невреме што ја погоди Германија овој месец, откако претходно седум луѓе загинаа во налетот на Ксавиер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира