СИНОТ НА ЏО БАЈДЕН ОТКРИ ДЕКА Е ПОД ИСТРАГА ЗА ДАНОЦИ

    СИНОТ НА ЏО БАЈДЕН ОТКРИ ДЕКА Е ПОД ИСТРАГА ЗА ДАНОЦИХантер Бајден на прослава на 7 ноември, кога медиумите објавија дека татко му е победник на претседателските избори во САД. (Фото: Ројтерс)

    Хантер Бајден, синот на избраниот претседател на САД Џо Бајден, денеска кажа дека е под истрага за даночни работи. Истрагата ја водат федерални обвинители од Делавер.

    За пет дена, Џо Бајден, поранешен сенатор од Делавер, треба да биде и формално прогласен за следен американски претседател од електорскиот колеџ.

    „Вчера првпат дознав дека обвинителството во Делавер им соопштило на моите адвокати, исто така вчера, дека ги истражуваат моите даночни работи“, кажа Хантер Бајден во соопштение до медиумите, без да открие детали за истрагата.

    Хантер Бајден и самиот е адвокат, а неговиот покоен брат Бо Бајден беше главен обвинител во Делавер пред да почине.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира