СИНОТ НА ОСАМА БИН ЛАДЕН Е МРТОВ, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИ

    СИНОТ НА ОСАМА БИН ЛАДЕН Е МРТОВ, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИХамза бин Ладен во август 2015 го наследи својот татко како лидер на најголемата терористичка мрежа на светот

    Синот на основачот на Ал Каеда Осама бин Ладен, за кого САД имаа распишано награда од еден милион долари, е мртов, велат американски разузнавачи.

    Детали за времето и местото на смртта на Хамза бин Ладен не се познати, но весникот „Њујорк тајмс“ објави дека тој наводно бил убиен во „операција која вклучувала американски војници“.

    Хамза бин Ладен, за кого се верува дека бил во 30-ти години, во август 2015 го наследи својот татко како лидер на најголемата терористичка мрежа на светот и имаше објавено неколку аудио и видеопораки во коишто повика на напади на САД и на нивни сојузници. Тој за последен пат се огласи во март 2018 година, кога ѝ се закани на Саудиска Арабија и ги повика народите од Арапскиот Полуостров да се кренат на бунт.

    Доналд Трамп одби да ги коментира наводите за смртта на Бин Ладен, исто како и неговиот советник за безбедносни прашања Џон Болтон.

    Во февруари, САД распишаа награда од еден милион долари за Бин Ладен, кога, според „Тајмс“, воените и разузнавачките служби сè уште немале потврда дека тој навистина е мртов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира