СИРИСКАТА ВЛАДА ДОЗВОЛИ ИСПОРАКА НА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ВО БУНТОВНИЧКИТЕ ОБЛАСТИ ПОГОДЕНИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

    СИРИСКАТА ВЛАДА ДОЗВОЛИ ИСПОРАКА НА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ВО БУНТОВНИЧКИТЕ ОБЛАСТИ ПОГОДЕНИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТОН испрати 14 камиони со куманитарна помош во Сирија (Фото: Гети)

    Сириската влада одобри испорака на хуманитарна помош долж линијата на фронтот од 12-годишната граѓанска војна, што би можело да го забрза доаѓањето на помош до милиони луѓе погодени од катастрофалниот земјотрес од понеделникот.

    Државните медиуми објавија дека дистрибуцијата ќе се врши во координација на Обединетите нации, Меѓународниот црвен крст и сириската Црвена полумесечина, со цел да се осигура помошта да дојде до оние на кои им е потребна.

    Бројот на загинати во земјотресот достигна 23.000 во Турција и Сирија, но непознато е колку луѓе сè уште има под урнатините. Ситуацијата е особено тешка во северозападна Сирија, област која е под контрола на бунтовниците.

    Обединетите нации притискаа за послободна испорака на хуманитарна помош во Сирија. Владата во Дамаск долго време се противеше на прекуграничните операции, велејќи дека тоа го повредува суверенитетот на Сирија.

    Владата притоа ги прогласи Латакија, Хама, Алепо и Идлиб за зони на катастрофа и вети дека ќе основа фонд за нивна обнова.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира