СИРИСКИ БЕГАЛЦИ ТРГНАА КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОТКАКО ТУРЦИЈА ЈА ОТВОРИ ГРАНИЦАТА

    СИРИСКИ БЕГАЛЦИ ТРГНАА КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОТКАКО ТУРЦИЈА ЈА ОТВОРИ ГРАНИЦАТАТурски граничари пропуштаат сириски бегалци во близина на грчката граница кај Одрин (Фото: ЕПА)

    Илјадници сириски бегалци во Турција се подготвуваат да тргнат кон нејзините граници со Грција и Бугарија откако Анкара најави дека веќе нема да ги спречува да влегуваат во Европска Унија. Ова го изјавија турски официјални лица откако во вчерашниот воздушен напад во Сирија беа убиени 33 турски војници.

    Отворањето на границата би можело да доведе до повторување на мигрантската криза од 2015-16 година, кога повеќе од милион луѓе преку море пристигнаа во Грција и потоа преку Балканот стигнаа до границите на Европската Унија, сѐ додека Турција не постигна договор со неа.

    Движењето на мигранти и бегалци кон граничните точки било забележано уште утрово и официјални лица изјавија дека на полицијата и на граничните чувари им било кажано да им дозволат влез и преку копно и преку море.

    „Слушнавме за ова на телевизија. Живеевме во Истанбул и сакаме да одиме за Одрин и оттаму во Грција“, изјави 16-годишната мигрантка од Авганистан Сахин Небизаде.

    Од декември, милион цивили се преселени во Сирија во близина на турската граница, каде што живеат во очајни зимски услови. Турција е веќе дом на 3,7 милиони бегалци од Сирија и вели дека не може да прими повеќе.

    Сириските владини сили, поддржани од Русија, вчера нападнаа турски воен конвој во северозападната провинција Идлиб, единствена која сѐ е уште е под контрола на бунтовниците. Тоа е најсмртоносниот напад врз турската војска во изминатите 30 години. Турција веднаш возврати со бомбардирање на сириски цели, при што кажа дека биле убиени над 300 сириски војници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира