СИТЕ СЕ УМОРНИ ОД ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА МЕЛОНИ КОЈА БИЛА ИЗМАМЕНА ОД РУСКИ КОМЕДИЈАНТИ

    СИТЕ СЕ УМОРНИ ОД ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА МЕЛОНИ КОЈА БИЛА ИЗМАМЕНА ОД РУСКИ КОМЕДИЈАНТИОд канцеларијата на Мелони изјавија дека таа жали што наседнала на измамник кој се претставил како шеф на Комисијата на Африканската унија (Фото: Гети)

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони збореше за заморот на меѓународната заедница од војната во Украина во телефонски разговор со руски комедијанти. Таа исто така се пожали дека Италија не добива доволно поддршка во справувањето со проблемот со миграцијата.

    Тринаесетминутниот разговор, кој датира од септември, беше објавен на интернет од Русите Вован и Лексус, кои имаат измамено бројни политичари и јавни личности. Од канцеларијата на Мелони изјавија дека таа жали што наседнала на измамник кој се претставил како шеф на Комисијата на Африканската унија. Разговорот се случил на 18 септември, пред нејзината средба со африканските лидери во Обединетите нации.

    Запрашана за војната во Украина, таа одговори:

    „Гледам дека има доста замор. Да бидам искрена, присутен е на сите страни. Блиску сме до моментот кога сите сфаќаат дека е потребен излез. Проблемот е како да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни и притоа да не се уништи меѓународното право“, вели Мелони.

    Таа ги искара меѓународните партнери што не ѝ помагаат доволно на Италија околу мигрантите.

    „Тие сите се согласија дека Италија сама мора да го реши овој проблем. Тоа е многу глуп начин на размислување“, се пожали Мелони.

    Алексеј Стољаров-Лексус кажа дека за разлика од повеќето европски политичари, Мелони барем е подготвена да го сподели своето вистинско мислење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира