СИТЕ ШТО ВЛЕГУВААТ ВО ИЗРАЕЛ ЌЕ ОДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА НА ДВЕ НЕДЕЛИ

    СИТЕ ШТО ВЛЕГУВААТ ВО ИЗРАЕЛ ЌЕ ОДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА НА ДВЕ НЕДЕЛИНа оние што немаат обезбедно место за изолација нема да се дозволи влез во земјата (Фото: Ројтерс)

    Сите што влегуваат во Израел ќе мора да поминат 14 дена во домашна изолација, објави вчера премиерот Бенјамин Нетанјаху. Оваа мерка стапи на сила синоќа.

    „По цел ден сложена дискусија, донесовме одлука: секој што влегува во Израел од странство ќе оди во карантин на 14 дена. Ова е тешка одлука, но суштинска за да се заштити јавното здравје, кое е над сѐ“, изјави Нетанјаху.

    Во Израел досега има 50 заразени со коронавирусот.

    „Оваа мерка ќе биде на сила две недели. За тоа време, ќе преземеме мерки за заштита на израелската економија“, додаде тој.

    Мерката на изолација ќе се однесува и на домашни и на странски патници. На оние кои немаат обезбедно место за изолација нема да им се дозволи влез во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира