СИТУАЦИЈАТА НА ИСТОЧНИОТ ФРОНТ Е МНОГУ ВЛОШЕНА, ВЕЛИ УКРАИНА

    СИТУАЦИЈАТА НА ИСТОЧНИОТ ФРОНТ Е МНОГУ ВЛОШЕНА, ВЕЛИ УКРАИНАНа Украина ѝ е неопходна нова воена помош од западот (Фото: Гети)

    Ситуацијата на источниот фронт во Украина значително се влоши во изминатите денови, додека Русија ги засилува нападите, изјави шефот на украинската војска Олександр Сирски.

    Забележуваме значајно засилување на непријателската офанзива откако Владимир Путин победи на изборите во март. Русија распоредува нови оклопни единици кои периодично остваруваат тактички успеси“, кажа Сирски.

    Ситуацијата е особено тешка и тензична кај градот Часив Јар, оддалечен 20 километри од Бахмут.

    Откако успори испораката на западната воена помош за Украина, руските сили продолжија да напредуваат на источниот фронт по освојувањето на Авдивка.

    Непријателот активно ги напаѓа нашите позиции во секторите Лиман и Бахмут“, кажа Сирски.

    Оваа недела, украинскиот парламент усвои нов закон со кој полесно би се регрутирале нови војници и би се казнувале оние кои се обидуваат да ја избегнат регрутацијата. Украинскиот државен врв предупреди дека Русија планира нова голема офанзива кон крајот на мај или во почетокот на јуни, чија цел би можел да биде и Харкив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира