Србија ќе донесе одлука влезот во земјата, освен само со негативен ПЦР тест и карантин да биде овозможен и за вакцинираните против ковид-19. Ова денеска го препорача Кризниот штаб, а Владата треба тоа да го прецизира со уредба. Како што пишува Блиц.рс, ова правило нема да важи за граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора и Унгарија, како и на српските граѓани кои доаѓаат од овие шест земји, бидејќи тие во Србија може да влезат без негативен тест.
Сепак, ова правило допрва треба да биде дефинитивно потврдено со подоцнежна одлука на српската влада.
Според Кризниот штаб, со указ на Владата на Србија ќе биде наведена опцијата со која влезот во земјата би бил можен со потврда за целосна вакцинација, односно влез би бил можен за граѓани вакцинирани со две дози, кои имаат уверение. Истиот услов би важел и за странците, а во овој случај влезот во Србија би бил можен без тест за ПЦР и без изолација.
Комплетната вакцинација опфаќа две дози вакцини на „Фајзер“, руската „спутник“ и на „Синофарм“. Бидејќи таа на „АстраЗенека“ моментално има само една доза, се претпоставува дека една доза е еднаква на овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација.