СЛОВАЧКА НАРАЧА 13 МИЛИОНИ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС И ЌЕ ГИ ТЕСТИРА СИТЕ ЖИТЕЛИ НАД 10 ГОДИНИ

    СЛОВАЧКА НАРАЧА 13 МИЛИОНИ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС И ЌЕ ГИ ТЕСТИРА СИТЕ ЖИТЕЛИ НАД 10 ГОДИНИСтотици демонстранти вчера ги нападнаа канцелариите на словачката влада, протестирајќи против новите мерки (Фото: Гети)

    Словачка нарача 13 милиони брзи антиген тестови и планира да ги тестира сите жители постари од десет години, откако последното ширење на коронавирусот доведе до рекордни бројки на заразени и починати.

    Владата прогласи вонредна состојба во почетокот на месецот и воведе нови рестрикции оваа недела, при што ги забрани црковните служби и други јавни собири, ги затвори теретаните и базените, а училиштата ги префрли на онлајн настава.

    „Тестирањето ќе биде бесплатно. Ако успешно го спроведеме ова, ќе бидеме пример за цел свет“, изјави словачкиот премиер Игор Матович, не прецизирајќи дали тестирањето ќе биде задолжително или доброволно.

    Тој додаде дека низ земјата ќе бидат поставени речиси 6.000 пунктови за тестирање, кое ќе се спроведе во наредните два викенда.

    „Тоа ќе биде слично како кога граѓаните излегуваат да гласаат на избори“, кажа Матович.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира