Пратеник во словенечкиот парламент поднесе оставка откако украл сендвич во продавница во Љубљана, велејќи дека го направил тоа бидејќи бил игнориран од вработените.
Дариј Крајчич им кажал на медиумите дека бил изнервиран од тоа што „го третирале како воздух“ и затоа решил да го стави на тест обезбедувањето на супермаркетот. Кражбата поминала незабележано, но членот на владејачката партија Листата на Марјан Шарец (ЛМС) подоцна се вратил и го платил сендвичот. Крајчич се извини за својот, како што го нарече, „социјален експеримент“.
„Мислам дека стоев три минути без некој да ме послужи. Тројца вработени си зборуваа меѓусебе, па решив да го тестирам нивното внимание. Никој не тргна по мене, ниту ми свика“, изјави поранешниот професор.
Неговите колеги прво со смеење ја примиле приказната, за потоа неговата акција да биде осудена од партијата.
„Тоа е неприфатливо. Тој презеде одговорност и поднесе оставка“, изјави Бране Голубовиќ, шефот на пратеничката група на ЛМС.