СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕМИЕР ЈАНША И МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ТОНИН ДОБИЈА ПИСМА СО КУРШУМ И ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ

    СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕМИЕР ЈАНША И МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ТОНИН ДОБИЈА ПИСМА СО КУРШУМ И ЗАКАНИ ПО ЖИВОТНепознатиот испраќач во писмото се заканил и на семејството на словенечкиот премиер и додал дека Јанша „прв ќе падне“. (Фото: Твитер)

    Словенечкиот премиер Јанез Јанша и министерот за одбрана Матеј Тонин добиле на домашна адреса писма со закани по живот, објави телевизијата Н1. Во писмата имало и куршуми од поголем калибар.

    Премиерот Јанша во писмото добил и слика од него со нацртана цел. Непознатиот испраќач во писмото се заканил и на семејството на словенечкиот премиер и додал дека Јанша „прв ќе падне“, а истата судбина ќе ги снајде приврзаниците на неговата влада.

    Министерот Тонин за Н1 потврди дека добил писмо со куршум, а заканата гласела: „Мислите дека војската ќе ви помогне. Нема кога ќе ти судиме на народен начин. И тоа време наскоро доаѓа. Директно во глава“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира