СЛОВЕНЕЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ЕВАКУИРАА 22 ДЕЦА ОД ПОПЛАВЕНА ГРАДИНКА

    СЛОВЕНЕЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ЕВАКУИРАА 22 ДЕЦА ОД ПОПЛАВЕНА ГРАДИНКАПожарникарите објавија дека сите деца се на безбедно (Фото: Фејсбук)

    Словенечките пожарникари евакуираа 22 деца од градинка во градот Менгеш, откако водата го поплави објектот по последното невреме во земјата проследено со поројни дождови.

    Припадниците на доброволното противпожарно друштво од Менгеш ги објавија фотографиите од драматичното спасување на својага фејсбук страница, на кои што се гледа како ги изнесуваат децата едно по едно, додека водата им е до половината.

    (Фото: Фејсбук)

    Ги известуваме родителите на децата од градинката дека сите 22 деца се евакуирани на безбедно“, објавија пожарникарите на Фејсбук.

    Словенечките пожарникари од вчера имаа стотици интервенции откако земјата ја зафати силно невреме, кое донесе поплави и свлечишта, што пак блокираше патишта и населени места. Досега е потврдено дека загинале три лица, од кои двајца холандски државјани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира